Денешните врнежи придружени со град , предизвикаа значителни штети во просториите на Уметничката Галерија во Тетово.
„Директорот на Галеријата, Илир Куртиши, заедно со техничкиот персонал се упатија кон Галеријата за да ги санираат штетите предизвикани од дождот. Не изостана и присуството на државниот секретар во Министерството за Култура Валмир Азири“, напишаа на на Фејсбук од галеријата.
Оттаму, како што велат се надеваат дека Галеријата наскоро ќе започне со работа.
Уметничката Галерија се наоѓа непосредно до коритото на река Пена.












