Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поплавени подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили – биланс по невремето во скопско и тетовско

/

пред 843 дена

Сподели преку :

Полошката котлина синоќа беше зафатена од силно невреме, проследено со силен ветар, а на моменти паѓаше и град. Големата водена маса поплави дворови, подруми, куќи. На голем број места имаше пријави и за паднати дрвја, бандери, лимови и оштетени автомобили. Пријави за штети стигнале на Единствениот број за итни случаи 112 од скопско, тетовско, кумановскиот регион.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) синоќа информираа дека поради паднато дрво кај клучката Радишани кон Бутел сообраќајот беше во прекин. Од тетовско, пак, стигнале пријави за поплавени куќи, а надлежните интервенирале со пумпи за да ја исфрлат водата од објектите.

Регионалниот ЦУК Тетово информираше дека поради поплави од невремето, блокиран е патот од Селце кон Вејце на Шар Планина, булеварот „Благоја Тоска“ кај тетовската Касарна бил непрооден, а таму имало заглавено и едно возило.

Пријава за поплавена куќа пристигнала и од Куманово. Невремето беше предизвикано од интензивна нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, засилен ветар и појава на град. Почна од тетовскиот регион кон Скопје. Околу Скопската котлина и Куманово имаше неколку развиени јадра, различни по интензитет.