Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Попустот за горивата до 18 мај, премиерот очекува цената на дизелот да се намали

/

пред 156 дена

Сподели преку :

Попустот на горивата продолжува до 18 мај, а потоа Владата се надева дека кризата ќе заврши. Попустот со кој се намалуваат малопродажните цени на горивата  изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека преговорите со ОКТА биле напорни и тешки, но успеале да го продолжат попустот кој има за цел да ги ублажи ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството.

  • „Тоа ќе трае до 18 мај, до тогаш имаме договор за потоа ќе видиме. Се надеваме дека ќе заврши кризата и дека ќе може да влеземе во една нормална состојба. Но, да почекаме важно е дека попустите продолжуваат за сите оние компании кои што добиваат од ОКТА бензин и дизел“, рече премиерот.

Владата ќе проверува дали се точни информациите дека некои компании кои го користат попустот прават реекспорт на бензините и дизелот во соседните земји. Премиерот апелира дека нема потреба компаниите да прават тоа, бидејќи не се затворени границите за соседните земји и нивните граѓани слободно точат гориво на бензинските пумпи во Македонија.

Мицкоски додава дека цените на горивата се од 30 до 50 отсто поевтини од соседството и Владата останува на мерката за намалување на ДДВ за бензините од 95 и 98 октани на 10 проценти, како и намалените акцизи. ДДВ-то за дизелот кој пак најмногу поскапе останува 18 отсто, но премиерот очекува од наредната недела да му се намали продажната цена.

  • „Што се однесува до ДДВ кај дизел горивото тоа ќе остане на 18 проценти и со тоа нашето дизел гориво е од 30 до 50 евроценти по литар поевтино од дизел горивата во соседството денес. Очекуваме од понеделник да биде и повеќе поевтино, имајќи предвид дека најголем дел од државите во соседството, односно Србија денеска ќе ги определи новите цени, а останатите држави од понеделник, вторник како и ние“, додаде премиерот.

Во меѓувреме цената на нафтата на берзите денеска е околу 111 долари за барел, откако вчера достигна до 126 долари за барел.

Марија Митевска

Б.С.