Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Автобусите на „Макекспрес“ денеска не сообраќаат поради неисплатен долг од ЈСП

/

пред 1435 дена

Сподели преку :

Приватниот превозник на автобуски градски превоз „Макекспрес“ најави дека од денеска  нема да сообраќаат линиите 19, 20,22, 52 и 54 поради неисплатен долг од страна на ЈСП и Град Скопје.

Ниту еден автобус од „Макекспрес“ не е излезен утрово, поради тоа што, како што тврдат, немаат средства.

Сопственикот на компанијата Милорад Димитријевски вчера побара итна средба со раководството на ЈСП „Скопје“ и градските власти.

Тој бара исплата на долгот за август, септември и октомври и да почне редовна исплата на неделните аконтации за извршен превоз.

Во спротивно, вели  Димитријевски, нема да бидат во можност да го извршуваат превозот и напомена дека за да можат нормално да работат, парите им се итно потребни за набавка на гориво, резервни делови за тековно одржување на автобусите, како и за исплата на плати и придонеси за возачите