Од Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје (поранешна Градска болница), велат дека ќе бидат оперирани само живото зарозувачките случаи и итните пациенти, бидејќи ќе немаат вода за стерилизација на хируршките интервенции.
Од установата за Телма велат дека ќе има континуирано вода за пиење, а во координација со Водовод ќе им биде пратена цистерна.
Од заеднички служби на Клинички за Телма велат дека ќе се одложат сите итни операции, греењето ќе биде со намален интензитет, а за потребите на перење веш и стерилизација клиниките нема да добиваат услуга и ќе се користат претходно подготвените залихи.
Телма вчера објави дека од кружниот тек во Ѓорче Петров до Зелениково- сите општини од десната страна на реката Вардар од петок по 22 часот ќе останат без вода.
Како што соопштија од Водовод, прекин со водоснабдување ќе има се додека не се санира дефектот, поврзан со главната цевка. Од ЈП се надеваат дека работата ќе се одвива како што треба и санацијата би завршила во сабота, или најдоцна до недела. Освен граѓаните без вода ќе останат неколку болници, трговски центри, продавници, хотели, кафеани, занаетчкиски дуќани. Граѓаните загрижени пред камерата на Телма велат дека се надеваат дека нема долго да бидат без вода.
Од Ѓорче Петров до Зелениково – Телма дознава кои општини од петок на полноќ ќе останат без вода











