Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешниот министер Сухејл Фазлиу бара ОЈОГОКК да го преземе неговиот случај и да ја продолжи истрагата против поранешните директори во АНБ, подготвен е да сведочи

/

пред 409 дена

Сподели преку :

Во врска со последниот скандал со незаконското прислушкување, следењето и злоупотреба на безбедносни проверки со реакција се јави поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, кој бара ОЈОГОК да го преземе неговиот случај.

„Барам од ОЈОГОК да го превзема мојот случај како оштетено лице и транспарентно да се разјаснат злоупотребите со човечки судбини а криминалците конечно да одговараат пред законот. Улогата на „мали богови“ им прилега добро на некои суштества, до таму што тие одлучуваат кој може да има кариера, кој да биде бизнисмен, кој политичар, а кој не“, пишува Фазлиу.

Тој потсетува дека како министер на Владата во период 2017–2019 , бил меѓу оние што ги поддржаа сите чекори за членство на РСМ во НАТО, реформите и трансформацијата на УБК во АНБ, формирањето на ОТА -Оперативно техничката агенција, со цел конечно да престанат злоупотребите кои на многу граѓани, а и лично нему, му нанеле огромна штета и зло.

„Но и по сите овие промени, изгледа “малите богови” продолжија со истите практики на царување, што е поопасно и од класичниот криминал“, вели Фазлиу.

Според него таквите лица треба да добијат најстрога казна – дури и да им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата – затоа што злоупотребата на најчувствителните безбедносни институции е напад врз сопствениот народ.

„По завршувањето на министерската функција, понудено ми беше да работам во Одделот за информатика во МВР. Иако во тој момент поседував активен безбедносен сертификат со највисок степен – „државна тајна“ – и веќе бев поминал најригорозни проверки, АНБ ја проблематизираше постапката со бесмислена причина: дека треба да се прави дополнителна проверка од понизок степен од тоа што веќе го имав поминато“, објаснува Фазлиу во писмото до јавноста.

Според Фазлиу поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски, а потоа и Зарко Милошоски флагрантно го кршеле законот со тоа што, го држеле предметот во фиока сè додека не истекол рокот на неговиот сертификат, за потоа негативно да одговорат на МВР. Злоупотребувајќи ги мерките за следење преку инкриминирани „соработници“ ја компромитираат самата Агенција за национална безбедност.

„Од целата моја чиста лична и семејна биографија, единственото што им пречеше е нивното длабоко злоупотребување на службата против моето семејство уште од раните години на плурализмот, која е посебна историја во себе“, пишува Фазлиу.

Тој јавно бара од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција без одлагање да ја продолжи истрагата против поранешните директори и структури во АНБ.

„Подготвен сум да сведочам со конкретни факти и аргументи за сите злоупотреби со кои ми имаат нанесено голема ненадокнадлива морална и материјална штета. Кога би биле прифатени фактите и аргументите како во некоја нормална правна држава, јавноста ќе биде потресена од тоа кој сé одлучува за судбината на голем број семејства уништувани во тишина. Граѓаните се запознаени за злоупотребите само во случај кога службата заглавува на личности кои имаат сила и механизми да ја изнесат на виделина злоупотребата што е направена кон нив. Инаку ова е претворен во систем што уништува во тишина“, вели на крај од јавното писмо поранешен министер за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.