Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пораснаа цените на нафтата по американскo-британските напади врз Хутите

/

пред 1005 дена

Сподели преку :

По нападите на американските и британските сили врз позиции на Хутите во Јемен, скокна цената на нафтата на светските берзи. Ова ја поттикна загриженоста за ширење на конфликтот во регионот богат со црно злато.

Глобалните цени на нафтата денеска се зголемија за повеќе од 1 отсто, бидејќи ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток поттикна загриженост за можни прекини во снабдувањето.

На расположението на пазарот влијае и намалувањето на цената во Саудиска Арабија, како и зголеменото производство во земјите на од ОПЕК.

Американските и британските напади врз Хутите претставуваат најдраматична ескалација на конфликтот на Блискиот Исток од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври.