Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поскапува задолжителната осигурителна полиса – нови цени за регистрација на возила

/

пред 905 дена

Сподели преку :

Поскапува регистрaцијата на возила во земјава. Граѓаните ќе мора да издвојат повеќе пари за таа намена, откако осигурителните компании ги зголемија сумите за задолжителната осигурителна полиса.

Цената на полисата за автоодговорност скокна за 15,4 отсто. Па, ако досега за возило од 44 до 55 киловати се плаќаше 5.453 денари, новата цена ќе биде 6.292 денара. Поскапувањето е пропорционално во зависност од зафатнината на моторот кој е вграден во возилото.

Промена во цените нема само кај возилата до 44 киловати. Се менуваат и доплатоците за полисата за автоодговорност – 30% останува доплатокот за такси возила, но висината се зголемува, со оглед на зголемената цена.

Истото важи и за доплатоците за рент-а-кар возила, за возила кои имаат над пет седишта, возила кои се товарни, како и доплаток за осигуреникот кој се пресметува според возраста на оној на чие име гласи полисата.

Осигурителните компании ја добиле информацијата за покачување на цените во понеделникот. Биле известени од Националното Биро за осигурување. Осигурителните компании го правдаат поскапувањето со растот на цените на автоделовите. Но, нема одговор зошто граѓаните не беа информирани за ваквите промени.