Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поскапување на нафтата поради санкциите на САД кон Русија

/

пред 353 дена

Сподели преку :

Цените на нафтата на светските пазари пораснаа за околу 7%, откако САД воведоа санкции против руските енергетски компании „Лукоил“ и „Роснефт“. На лондонскиот пазар барел нафта достигна 65,94 долари, а на американскиот 61,50 долари. Вашингтон со мерките сака да го ограничи приходот на Москва од извоз на нафта и гас, со цел да изврши притисок за преговори за мир во Украина… Москва оцени дека санкциите се контрапродуктивни, предупредувајќи дека тие ќе предизвикаат нарушувања во снабдувањето со енергенси. Пазарите реагираа со нагло зголемување на цените поради страв дека испораките кон Кина и Индија ќе се намалат, што би создало глобален недостиг од нафта. До крајот на неделата се очекува делумно стабилизирање на цените, бидејќи аналитичарите очекуваат раст на производството од страна на ОПЕК и други големи производители, додека глобалната побарувачка останува послаба од очекуваното.