Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Последен ден за увид во Избирачкиот список

/

пред 395 дена

Сподели преку :

Денеска до полноќ е последна можност за граѓаните да извршат јавен увид во Избирачкиот список за претстојните Локални избори 2025.

Увидот може да се направи во подрачните одделенија на ДИК, преку нивната веб-страница или со испраќање барање на е-пошта: [email protected].

Граѓаните може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоци, со приложување на потребни докази. ДИК е должна да одлучи по секое барање во рок од 24 часа.

Заклучно со 9 септември, увид во списокот извршиле 5.729 граѓани, а рокот за доставување кандидатски листи до општинските изборни комисии е до 13 септември на полноќ.

Избирачкиот список ќе биде заклучен најдоцна до 26 септември, а потпишан од ДИК до 3 октомври.

Изборната кампања започнува на 29 септември, а гласањето ќе се одржи на 19 октомври во 80 општини и Градот Скопје.