Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Постепено стабилизирање – Временска прогноза за 21.1.2024

/

пред 991 дена

Сподели преку :

Променливо облачно со сончеви периоди и постудено, претпладне со локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -5 до 1°C, а максималната од -2 до 6°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-6 Маврови Анови, -4 Лазарополе, -2 Тетово, Крушево, Дебар, -1 Крива Паланка, Прилеп, Куманово, 0 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Битола, Берово, Штип, Демир Капија, Кавадарци, Виница, 1 Велес, 2 Струмица, 3 Дојран, 4 Охрид, Гевгелија, 8 Претор.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во cм)

8 Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Дебар, 2 Крива Паланка, Тетово, 1 Крушево, Ѓуриште.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

10 Маврови Анови, 7 Дебар, Лазарополе, 5 Попова Шапка, 4 Тетово, 1 Скопје – Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Крушево.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/