Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Постигнат значаен напредок во мировните разговори за ставање крај на војната во Украина

/

пред 283 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски изјавија дека е постигнат значаен напредок во мировните разговори за ставање крај на војната во Украина, но дека сè уште остануваат „тешки и нерешени прашања“, особено околу териториите… По средбата во Флорида, Трамп истакна дека околу 90% од мировниот план е договорен, додека безбедносните гаранции за Украина се „речиси завршени“.

Главната точка на несогласување е регионот Донбас, кој во голем дел е под руска контрола. Русија инсистира Украина да се повлече од преостанатите делови, додека Киев предлага областа да стане демилитаризирана или слободна економска зона под украинска контрола. Трамп призна дека ова прашање е „многу тешко“, но изрази уверување дека ќе биде решено.

Зеленски најави нови средби меѓу американски и украински тимови веќе следната недела, а можно е и пошироко учество на европски лидери. Европската унија и Франција ја поздравија досегашната динамика, нагласувајќи дека Украина мора да добие цврсти безбедносни гаранции за да се спречат идни напади.

-Значи, ако помине навистина добро, знаете, можеби неколку недели, а ако помине лошо подолго, и доколку помине навистина лошо, нема да се случи. Тоа би било штета. Постои и таа шанса. Знаете, можно е да не се случи. Но, знаете, за неколку недели ќе знаеме на еден начин или на друг, мислам. Но, ако помине е навистина добро, но може да помине и лошо. Мислам, знаете, може да имаме нешто каде што една ставка за која не размислувате е голема ставка. Тоа го распаѓа. Гледајте, тоа беа многу тешки преговори, многу детални, изјави американскиот претседател Трамп.

Рускиот претседателски советник за надворешна политика  пак Јуриј Ушаков изјави дека телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, инициран од американската страна, траел 75 минути и бил „пријателски, добронамерен и деловен“.

Според Ушаков, Трамп внимателно ги сослушал руските оценки за можностите за мировен договор и покажал разбирање за резервите на Москва во врска со предлозите за прекин на огнот што ги поддржуваат Украина и европските сојузници. Тој, наводно, повеќепати ја нагласил потребата војната да заврши што е можно побрзо, посочувајќи и потенцијали за економска соработка меѓу САД, Русија и Украина.

Ушаков додаде дека Трамп бил „повторно убеден“ во подготвеноста на Русија за политичко и дипломатско решение, како и дека Москва се согласила со американски предлог за формирање две работни групи – една за безбедносни и една за економски прашања. Двајцата лидери се договориле и наскоро повторно да разговараат по средбата на Трамп со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Најважно е што рускиот и американскиот претседател генерално го делат истиот став дека привременото примирје предложено од Украинците и Европејците под изговор за подготовка за референдум или под други изговори би довело до продолжување на конфликтот и ризик од продолжување на непријателствата, вели рускиот претседателски Ушаков.

К.К.