Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потера по осомничениот бомбаш во Монако, камерите го снимиле како бега кон Франција

/

пред 95 дена

Сподели преку :

Во тек е меѓународна потрага по осомничен бомбаш кој ја поставил пакет-бомбата што експлодираше во станбена зграда во Монако, при што беа повредени богатиот украински бизнисмен Вадим Јермолаев, неговата сопруга и дете.

На снимките од видео надзорот пред нападот се гледа маж како остава ранец во лобито на зградата кратко пред експлозијата, објави францускиот весник „Фигаро“. Владата на Монако соопшти дека осомничениот е снимен од видео камери како бега пеш кон француската општина Босолеј по експлозијата, каде што сега се одвива голема полициска акција за негово пронаоѓање.

Јермолаев и неговата сопруга се пренесени  во болница со сериозни повреди, додека нивното дете исто така е рането, соопштија француските власти. Жената е сè уште во животно загрозувачка состојба, мажот повеќе не е во критична состојба и повредите на детето не се сметаат за животно загрозувачки.

Инцидентот се третира како обид за убиство, а не како терористички напад.