Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потпишан Договор за воспоставување заеднички гранични премини меѓу Македонија и Албанија

/

пред 99 дена

Сподели преку :

Денеска во Пешкопеја, Албанија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со неговиот албански колега министерот Бесфорт Љамалари, потпиша Договор за воспоставување заеднички гранични премини и заеднички гранични контроли меѓу Македонија и Албанија.

  • Овој договор претставува значаен чекор кон поефикасно, побезбедно и помодерно управување со нашата заедничка граница, со директни придобивки за граѓаните, стопанството и институциите на двете земји. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и Косово, напиша Тошковски на Фејсбук.
Тој вели дека целта е јасна, а тоа е побрз проток на луѓе и стоки, намалување на времето на чекање и истовремено зајакнување на безбедноста преку координација и заедничко делување.