Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потресно сведоштво за Н1 на Босанец кој се вратил од Мариупол

/

пред 1626 дена

Сподели преку :

Босанецот Бехрудин Делиќ се вратил од Мариупол со потресни сведоштва.

Тој во Украина живеел од 1991-вата година а војната го затекнала во градот кој сега е разрушен.

„Нема ништо. Куќите се запалени, од арматурата на улиците не можеш да поминеш, гледаш  човечки тела кои никој не ги погребува. Нема ништо. Градот е 100 проценти готов и таму нема живот“ -вели Делиќ за телевизијата Н1.

Заедно со неговата сопруга, ќерката и родителите на сопругата живееле во подрум спиејќи на столчиња а неговото семејство во Зеница 38 дена не знаело дали се живи или мртви.

Целиот имот им останал во Мариупол.

Во Зеница се вратил со часовникот кој го носел на раката и една желка за која  тврди дека му носела среќа.  Неговата жена заминала за Русија а ќерката во Германија.