Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Потврда од Португалија и од Гинис: Боби е највозрасно куче на светот – има 30 години и 228 дена

/

пред 1340 дена

Сподели преку :

Куче од Португалија е официјално прогласено за највозрасно на сите времиња. Ѝ припаѓа на расата „Хафеиро ду алентежо“ (Rafeiro do Alentejo), која живее во просек меѓу 12 и 14 години.

Но, според Гинисовата книга на рекорди, денес Боби има 30 години и 228 дена. Возраста на кучето е потврдена преку португалската база на податоци за домашни миленици. Боби живее над три десетлетија со семејството Кошта во селото Конкеирош, на западниот брег на Португалија. Неговите сопственици велат дека нивниот миленик повеќе сака да јаде човечка храна отколку кучешка.

Претходниот рекордер беше кучето Блуи, кое почина во Австралија во 1939, на возраст од 29 години и пет месеци.

Мајката на Боби живеела 18 години. Сепак, кучето поради староста има проблеми со одењето, а веќе му се влошува и видот.