Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поведена постапка за делови од Законот за средното образование кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

/

пред 1096 дена

Сподели преку :

Уставниот суд, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот 41-а став 1 во делот „јавно” од Законот за средното образование.

Исто така, по сопствена иницијатива, Судот одлучи да се поведе постапка и за оценување на уставноста на став 3 во делот „јавното“ од истиот член.

Причината за постоење основано сомнение во уставноста на овие делови од одредбите од Законот за средното образование, е што според Уставен, со истите се повредува уставниот принцип на еднаквост, на начин што се воспоставува различен третман за учениците во јавните, во однос на учениците во приватните средни училишта при користењето на бесплатен превоз до училиштето, односно се предвидува ова право да го користат само редовните ученици во јавните средни училишта.

Судот одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на член 41-а став 2 од Законот за средното образование.