Ослободените израелски заложници со апелираа до Бенјамин Нетанјаху да изврши притисок за договор за ослободување на преостанатите заробеници. „Повеќе нема да има заложници за ослободување“ му порачаа ослободените Израелци на премиерот и го потсетија дека ги осудува на смртна казна.
- 136 луѓе чекаат во тунел, без кислород, без храна, без вода и без надеж, чекајќи да бидат спасени.Цената е тешка, цената е неподнослива, цената е неиздржлива за телото, но цената на негрижата ќе стане историска дамка со генерации.Запоставувањето ќе стане синоним за оние кои ќе издадат смртна казна за оние кои беа оставени и киднапирани под нивно водство- Шерон Алони Кунио, ослободена заложничка.
- Знам дека не ги добиваат потребните лекови, знам дека веќе не се на местото каде што не држеа. Повторно, ви се обраќам ти си тој што може и јас сум многу исплашен, многу се плашам дека ако продолжиш во оваа уништување на Хамас, повеќе нема да има заложници за ослободување- Адина Моше, ослободен заложник.
Нетањаху денеска ги отфрли барањата на Хамас за прекин на огнот и рече дека ќе продолжи со израелската воена офанзива во Газа додека не се постигне „апсолутна победа“. Неговите коментари следат по средбата со американскиот државен секретар Антони Блинкен, кој исто така порача дека сака заложниците да ги види вратени дома.
- Секако, фокусирајте се на заложниците и силна желба двајцата да ги видиме да се вратат дома кај нивните семејства. Ангажманот што се прави со таа цел. Сакам во оваа прилика да го споделам со моите колеги она што го слушав низ регионот, овие неколку дена, за многу важните прашања што го засегаат Израел и да ги слушнеме нив како го гледаат патот напред- Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Блинкен истакна дека дека сè уште е можен договор за прекин на огнот и ослободување заложници меѓу Израел и Хамас, и покрај тоа што двете страни се далеку од главните услови за договор. Тој се обидува да ги унапреди разговорите за прекин на огнот, како и повоено решение во кое Саудиска Арабија би ги нормализирала односите со Израел во замена за „јасен, веродостоен, временски ограничен пат до формирање на палестинска држава“.
Израел денеска бомбардираше станбени објекти во Тел ал-Султан, западно од Рафа, при што загинаа најмалку 13 луѓе, меѓу нив две се жени и пет се деца. Израелската војска објави снимка од напад на воени бази на Хезболах во Либан.
Војната во Газа влезе во својот петти месец, убиени се повеќе од 27.000 Палестинци, половина од населението е раселено и предизвика е хуманитарна катастрофа.
Билјана Ставрова











