Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 1,5 милиони луѓе во Газа се под ризик од сериозна неисхранетост или гладување, предупредуваат експертите

/

пред 454 дена

Сподели преку :

Експертите предупредуваат дека повеќе од 1,5 милион луѓе во Газа, две третини од населението пред почетокот на војната со Израел, се под ризик на сериозна неисхранетост или гладување барем до месец октомври.

Во неодамнешниот извештај, IPC (integrated food security phase classification), тело кое се специјализира за проценка на глобалната безбедност со храна, предупредува дека: „храната и производите неопходни за преживување на луѓето се или исцрпени или се очекува да се потрошат во наредните недели“.

Речиси половина милион луѓе се смета дека се соочуваат со „катастрофа“, односно најлошата, петта категорија во системот кој IPC го користи за класификација на загрозеноста со недостаток на храна.

Предупредувањето доаѓа додека агенцијата на ОН за палестински бегалци, УНРВА, соопшти дека има резерви на храна за населението во Газа за период од три месеци , сместена во магацини, во близина на границата со Израел, која не може да ја внесе во територијата заради блокадата воведена од владата на Нетанјаху.

„Страдањето во Газа е предизвикано од човечкиот фактор и мора да биде запрено“- соопшти УНРВА.

Соопштението на оваа агенција беше објавено неколку часа откако министерството за здравство во Газа соопшти дека 19 луѓе умреле од глад во последните 24 часа.

Израел го контролира протокот на храна во Газа и во моментов дозволува ограничена количина да биде дистрибуирана преку пунктовите на американско-израелската „Хуманитарна фондација за Газа“.

Но, речиси секојдневно доаѓаат информации за инциденти во кои обезбедувањето на овие локации, или израелските војници, отвораат оган од автоматско оружје и убиваат повеќе десетици очајни Палестинци кои бараат хуманитарна помош на овие локации.

Пред да бидат отворени овие пунктови за дистрибуција на помош на ткн Хуманитарна фондација за Газа“, Израел ја блокираше дистрибуцијата на каква било помош за Газа во период од 11 недели.