Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повеќе од 200 часа е блокиран приодот до кочанската депонија

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Повеќе од 200 часа е блокиран патот кон кочанската Градска депонија. Граѓанските активисти и жителите на Кочани кои се на баракадите и не дозволуваат депонирање на сметот од четири општини синоќа имаа состанок со градоначалникот, Љупчо Папазов.

Договорено е да се изгради физичка бариера околу депонијата за да се спречи неовластен пристап. Местото да биде ставено под видеонадзор, да бидат ангажирани лица за обезбедување на теренот 24/7 и да не се дозволува неовластен влез на депонијата.

Сепак според најавите протестот ќе продолжи и денеска со цел изнаоѓање решение на нивното клучно барање, а тоа е да не се дозволува одложување на отпад на депонијата од други општини, а одговорот го чекаат од страна на централната и локалната власт.

Инаку  проблемот со чадењето на депонијата и загадувањето на воздухот почна  откако Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, согласно обврските што ги наложува проектот изградба на регионални депонии ги затворија своите и почнаа да ја користат кочанската.

Граѓаните најавија дека ќе формираат кризен штаб составен од советници и граѓани, кои ќе го надгледуваат процесот на управување со депонијата и ќе обезбедат транспарентност во понатамошните активности.

Градската депонија во Кочани денеска беше уредена, на неа има и градежна механизација и поголеми количини на земја за да се затрупува отпадот.

Инаку осум дена не се собира сметот од општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Викторија Јованова