Пожарот во депонијата во Шуто Оризари гори повеќе од два часа. На терен се повеќе противпожарни возила кои се обидуваат да го локализираат огнот, но гаснењето оди полека.
https://youtube.com/shorts/Pp9oB5HRqJU
На терен како што јавува нашиот новинар Миомир Серафиновиќ има и возила за гаснење на хемиски пожар. Местото го обезбедува полиција.
Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот настанал откако била запалена машина за мелење железо.
Густиот чад веќе се шири над цело Скопје.












