Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поворката со ковчегот со телото на кралицата тргна од Балморал за Единбург

/

пред 1502 дена

Сподели преку :

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска.

Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.

Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.

Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне.