Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредено лице евакуирано со хеликоптер од Ливадичко Езеро

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Вчера во попладневните часови, Армијата на Република Македонија спроведе итна медицинска евакуација со хеликоптер на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, на Шар Планина.

Интервенцијата беше извршена по добиено барање од Центарот за управување со кризи, а поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, беше активиран хеликоптерски тим од воздухопловната единица на армијата.

Повреденото лице, според првичните информации, се здобило со тешки телесни повреди, меѓу кои скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, што ја влошило неговата здравствена состојба и го довело во животозагрозувачка состојба.

И покрај екстремно тешките услови на теренот, спасувачкиот тим успеал да стигне до лицето, да му пружи прва помош, да го имобилизира и подготви за воздушен транспорт.