По 4-ти пат одложена главната расправа во случајот за пожарот во модуларната болница во Тетово откако Апелациониот суд – Гостивар предметот го врати на повторно судење во тетовскиот Основен суд.
Поради отсуство на судијата Јордан Велковски, кој е на боледување, следното рочиште е закажано за на 18 март, во 10 часот.
Апелација во април минатата година донесе решение со одлука да се повтори судењето за поранешните директори на Клиничката болница, Флорин Бесими и Артан Етеми, како и за болницата како правно лице, додека ослободителната пресуда беше изречена за докторот Бобан Вучевски.
Во Одлуката меѓу другото се вели дека констатацијата на првостепениот суд е воопштена и нејасна, односно отсуството на образложени причини за решителни факти, ја прави обжалената пресуда неразбирлива и неподобна за целосно испитување по однос на нејзината правилност, на што основано се укажува во изјавените жалби на обвинетите.
Обвинетите во случајот очекуваат повтореното судење да донесе правда и пресуда во нивна корист.











