Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повторно одложено судењето за Филиповиќ

/

пред 589 дена

Сподели преку :

Одложено е рочиштето за случајот кој беше прегазен пешак на мостот „Гоце Делчев“ откако во него удри Гордана Филиповиќ, мајка на девојчето коешто претходно беше прегазено во Скопје.

Таа денеска уште еднаш повтори дека не се чувствува вина.

Адвокатот на Филиповиќ тврди дека се работи за непосакувана и сложена сообраќајна ситуација, во која обвинетата немала можност да го види пешакот поради мртов агол од товарно возило на средната сообраќајна лента и воедно не можела да види и предвиди дека пешакот од  средната сообраќајна лента загубил рамнотежа и паднал пред нејзиното возило по целата широчина на крајната лева сообраќајна лента.

Додека, пак, семејството на оштетениот побара кривичен прогон за обвинетата и се надеваат дека постапката ќе заврши побрзо со образложение дека им е мачно доаѓањето на секое судење при што одново и одново им се враќа сликата за нивниот родител.

Следното рочиште е закажано на 14-ти следниот месец.