Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожар изби во поранешната зграда на Данската берза стара речиси 400 години

/

пред 920 дена

Сподели преку :

Голем пожар изби во историската зграда на данската берза во строгиот центар на Конпенхаген. Градата која датира од 17 век е еден од најстарите објекти во данската престолнина и се наоѓа во непосредна близина на парламентот и кралската палата. Во зградата на старата берза сега е сместена Данската стопанска комора, а во моментот на избивање на пожарот зградата била во процес на реновирање.

Изградбата на зградата започнала во 1625 година со наредба на данскиот крал Кристијан Четврти, кој сакал Копенхаген да го претвори во голем трговски центар.

Една од нејзините најинтересни карактеристики беше куполата на која имаше скулптури на четири змејови, чии опашки се испреплетуваат исправени кон небото и држат три круни.

Вработените во Стопанската комора, заедно со нејзиниот претседател и пожарникарите се обидуваа да извлечат колку што можат повеќе од уметничките дела во зградата.

Данскиот министер за култура Јакоб Енгел Шмит изјави дека било пеплосано 400 години данско културно наследство.