Двајца скопјани на возраст од 34 и 39 години го подметнале пожарот во објектот кај „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода.
Густиот црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираa екипи на Противпожарна Бригада на Град Скопје. Поради интервенцијата, во дел од населбата беа исклучени струјата и водоснабдувањето. Пожарот од напуштениот објект, се ширеше и кон околните објекти.

Во гаснењето на огнот, еден пожарникар беше повреден а две противпожарни возила беа оштетени.
Двајцата осомничени кои го подметнaле пожарот околу 16 часот, а беа уапсени еден час подоцна, ќе одговораат за предизвикување општа опасност.

„На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок











