Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот кај „Рампа“ кој се ширеше кон околните објекти е локализиран

/

пред 90 дена

Сподели преку :

Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола. Во гаснење на огнот кој изби пред еден час, интервенираше Противпожарната бригада на Град Скопје.
Навремено е спречено пожарот да се прошири и на другите објекти.

 

Пожарот изби попладнево во магацин  на Јужен Булевар кај местото „Рампа“, во скопската населба Кисела Вода. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) информираат дека е запален магацин или друг простор кај бараките во близина на Пазарната инспекција.

„Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија“, рече Стојанче Анеглов.

При интервенцијата, еден пожарникар е повреден и веднаш е пренесен на клиника.
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски рече дека со брзата интервенција на пожарникарите „беше спречено  проширување на пожарот кон околните објекти и избегната е поголема трагедија“.