Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пожарот над Битола се шири кон „Бел Камен“ и „Снегово“

/

пред 824 дена

Сподели преку :

Пожарот кој што започна вчера во 16.00 ч. кај м.в. „Германски гробишта“,на ридот над населбата Баир во Битола се уште трае и се шири кон „Бел Камен“ и „Снегово“.

Гори сува трева, грмушки и шума со мешовит состав. Зафатена е површина од околу 100 хектари. Засега не се загрозени населени места.

Во текот на денот интервенирале: Територијалната противпожарна единица Битола со 35 пожарникари и 6 противпожарни возила. Во гасење на пожарот помогнале и припадници на ЈП „Кајмакчалан“, ЈП „Водовод“ од Битола како и локално население.

Во 22:00 ч.се одржа состанок на Кризниот штаб во Општина Битола на кој  е одлучено во ноќните часови на терен да останат екипи,а во утринските часови на терен да излезат 40 пожарникари и механизација.

Во пожарот повреден е еден пожарникар кој со изгореници е хоспитализиран во Клиничката болница во Битола. За пожарот се известени сите субјекти од Системот а управување со кризи.

Се претпоставува дека пожарот започнал од дива депонија.