Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Праизведба на „Син понеделник“ во МНТ

/

пред 201 дена

Сподели преку :

На малата сцена на МНТ вечерва ќе се одржи праизведба на претставата „Син понеделник“ . По текстот на Калија Киселичка, претставата ја постави режисерот Борјан Стојков. Таа зборува за проблемите на младите денес, при преминот од адолесценти во возрасни луѓе.

Претставата е копродукција меѓу МНТ и „Перипетија Продукција“ и резултат е на истражувачкиот процес во рамки на проектот „TRY-театарот ги обединува младите“. Во претставата играат четири професионални актерки и членовите на Драмското студио „Прва проба“.

„Една приказна за генерација која што е погрешно разбрана, секогаш погрешно разбрана. Јас се потрудив овие три женски ликови да не бидат ликови, односно како што се сите млади девојки, дека не се млади девојќи кои зборуваат само за момчиња и за љубовни проблеми, туку се бават со многу посериозни теми“, рече авторката на текстот, Калија Киселичка.

„Нашата држава има голем проблем со иселувањето. И тоа е на некој начин спомнато. Недостигаат дефинитивно места каде што младите можат да се собираат, да свират, да прават, било што да прават, да се дружат. Младите се соочуваат со многу специфични финансиски проблеми кога влегуваат во светот на возрасните“, кажа режисерот Борјан Стојков.

„Безвременска приказна за три другарки кои што едноставно мораат да си го најдат својот пат во светот. И дали тоа ќе ги раздели или ќе ги приближи“, вели Јана Вељановска, во улогата на Ива.

„Се соочуваат со сите околности што животот им ги налага. Со самото тоа, автоматски и другарството им е на испит“, рече Ирена Димеска, во улогата на Нора.

С.Т.