Пратениците од опозициската СДСМ ја напуштија денешната собраниска седница, откако нивниот Предлог-закон за минималната плата не беше ставен на дневен ред.
Од партијата сметаат дека барањето на синдикатите е основано и дека има можност да се обезбедат пари за да растат платите.
Според спикерот Гаши, предлогот на СДСМ не можеше да се стави на гласање, бидејќи не бил доставен до сите пратеници, поради процедури за превод на материјалот пред неговото официјално разгледување.











