Православните христијани денеска го празнуваат рождеството на Пресвета Богородица. Празникот познат меѓу народот како Мала Богородица .Во сите храмови изутринава се одржуваа литургии. Во црквата Рожденство на пресвета Богородица во Скопје пристигна чудотворната икона Пресвета Богородица Троеручица. Иконата е донесена од манастирот Хиландар од Света Гора.
,, Самата икона е пред се доста габаритна ако може да се каже. Еден квадратен метар, 111 cm на 91 cm. Оригиналот се наоѓа на Хиландар веќе шест века. Иконата потекнува од крајот на седмиот век, и била во сопственост на Свети Јован Дамаскин, еден од светите оци и учители на црквата. Оваа година неговото блаженство неговото блаженство Охридски и Македонски архиепископ г.г. Стефан, во сослужение на архијереи на Македонската Православна Црква и проигуманот на манастирот Хиландар со дел од неговото братство служеа литургија во овој храм’’ – вели Отец Спасе Таковски.
Дел од жителите на Скопје овој ден го празнуваат како сопствен празник. Веруваат во чудотворноста на иконата но некои поради големата гужва не ни успеале да влезат во храмот. Нафората ја делеа мегу себе пред портите на црквата.
Иконата пресвета Богородица Троеручица има своја долга историја. Од Дамаск, преку Палестина чудотворната икона стигнала до Хиландар. Се смета дека во времето на Цар Душан престојувала во Скопје. Од тој период Боггородица се смета за заштитничка на градот.
Марија Коцева











