Втори септември во Колешино, Струмичко. Празни улици и тишина во селото под Беласица. Во центарот на ова населено место се наоѓа и училиштето, кое го носи името на писателот за деца Видое Подгорец, родум оттука.
Опкружено со впечатлива природа училиштето кое со внимание е уредено, секоја година дочекува сѐ помалку деца.
Вчера, тука не дошло ниту едно прваче.
Стенд-ап Во училиштето Видое Подгорец годинава не е запишано ниту едно прваче. Ниту во централното училиште во село Колешино, ниту во подрачните во населените места Мокрино и Мокриево.
Селаните, главно повозрасни граѓани ги баравме по дворовите. Велат селото не ни е празно, но младите се иселени. Дури забележуваат дека трендот на напуштање на Колешин не е толку висок како пред десетина години.
Сега не се иселуваат толку, последните години, ама децата се во странство. Таму ќе има првачиња годинава, вели жителка на село Колешино.
Бројот на првачиња во Општина Ново Село е преполовен за три години. Во 2022 година имало 36 првоодделенци на ниво на општина, во следните две години биле по 32, додека годинава во цела општина има само 17 првачиња.
Сузана Мицева











