Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пред и по 24 февруари 2022 година – вака повеќето Украинци го делат својот живот по руската инвазија

/

пред 976 дена

Сподели преку :

Украинката Катерина Дмитрик го чекаше овој момент речиси две години. По маратонските патешествија од еден до друг руски воен пункт, замислувајќи ги најлошите сценарија за својот сопруг којшто беше заробен во фабриката за челик „Азовстал“ во февруари 2022 година, таа конечно го дочека неговото ослободување од заложништво. Руската војска го затвори Артем накусо по раѓањето на неговиот син Тимур.

  • Се радувам што по две години си го видов сопругот. За моето семејство, крајот на сето ова е неверојатно олеснување, ни беше тешко. Но нашата борба продолжува бидејќи многу наши војници се сè уште во заложништво. Поради тоа, ќе продолжиме да се бориме за да можат сите наши затвореници да се вратат дома, изјави Катерина Дмитрик, сопруга на ослободен војник. 
  • Пресреќен сум. Не сум си го видел синот 21 месец, па сега ме игнорира. Како да му дошол непознат маж, изјави Артем Дмитрик, ослободениот украински војник. 

Артем беше распореден во Мариупол – едно од главните жаришта во конфликтот меѓу Украина и Русија. И покрај неговото настојување сопругата и детето да заминат од земјата, Катерина решила да остане во Бердјанск поради здравствените проблеми на нејзината мајка. По смртта на родителот, таа и двегодишниот Тимур тргнале кон Запорожје, па кон Киев каде што престојувале кај негови роднини. Поради статусот на сопруга на воено лице, Катерина била принудена да се претставува како снаа на двојката што ги превезувала по територијата под окупација на руските сили.

Руската инвазија во Украина засекогаш ги смени судбините на милиони луѓе. Исто како и семејството Дмитрикс, и останатите сега веќе го делат животот на две етапи: пред и по 24 февруари 2022 година.

Десетици илјади се збогуваа со најблиските, милиони беа принудени да ги напуштат домовите, а речиси 26% од територијата е под руска окупација. Според многумина, дури и да се постигне мировно решение, последиците ќе се провлекуваат низ многу идни генерации.

Маја Стојаноска – Филдишев