Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Јапонија, земјотрес, цунами

Предупредување за цунами, се прават залихи на храна – земјотрес со јачина од 7,1 степен во Јапонија

/

пред 800 дена

Сподели преку :

Силен земјотрес со јачина од 7,1 стелен според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Јапонија, соопшти јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на потресот бил на само 12 милји од брегот на градот Мијазаки, на островот Кјушу во Јапонија.

Издадено е предупредување за цунами, со предвидувања за бранови во височина до еден метар долж јужниот брег на Кјушу и околниот остров Шикоку. Засега се забележани бранови од 20 сантиметри во височина.

Сообраќајот на брзите возови на островот е запрен, а медиумите пренесуваат дека луѓето, во очекување на најавеното цунами, складираат резерви на храна.