Буџетските корекции со ребалaнсот розови на хартија, црвени во реалноста. Дали фискалниот план за прераспределба е финансиско оружје за политичка борба, кои се клучните предизвици за фискалниот крвоток на среден рок?
Во Вин-Вин интервју со пратеникот Фатмир Битиќи поранешен вицепремиер за економија.
- Имате една милијарда доспеани обврски плус 150 милиони евра ДДВ, а има ново задолжување 250 милиони евра. Ставката за финансиска поддршка на инвестиции која секоја година генерира инвестиции во стопанството, 98% кај домашните компании во овој ребаланс на буџет е намалена за 15 милиони евра. Со што е блокиран еден инвестициски циклус, рече Битиќи.











