Граѓаните на Кочани ја прекинаа блокадата на Белска Кривина. Ваквиот чекор доаѓа поради одлуката на локалната самоуправа, која едногласно ги поддржа барањата за решавање на проблемот со токсичната депонија.
Граѓаните ќе продолжат со 24-часовен мониторинг на депонијата до формирањето на eко-патролата, која ќе има надлежност за управување со отпадот во Кочани.
Според Одлука на Совет на општина Кочани, единствена надлежност има КЈП „Водовод“, и истото ќе управува само со сметот на територијата на Кочани.
Од граѓанскиот отпор велат целта и понатаму останува непроменета – чист воздух и здрава околина за сите жители на Кочани.











