Не постои идеален изборен модел, па така не постои ниту идеален изборен законик, порача Љупчо Пренџов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Добро е што на две години до парламентарните избори се разговара на темата за нов изборен законик. Дали ќе биде нов или ќе биде изменет изборниот законик зависи од тоа дали ќе се промени повеќе од една третина или помалку од една третина. Ако е помалку, тогаш има измени и дополнувања, ако е повеќе, тогаш одиме со нов изборен законик“, рече Пренџов.
С.Д.











