Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Преодна дестабилизација – Временска прогноза за 4.9.2023

/

пред 1130 дена

Сподели преку :

Новата работна недела носи краткотрајна промена на временската состојба. Македонија ќе потпадне под влијание на влажна воздушна маса која носи променливо облачно и значително свежо време со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ=5

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19°C, а максимумот од 19 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

8 Берово, 11 Битола, 12 Крива Паланка, Тетово, 13 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Дебар, 14 Прилеп, Крушево, Пожаране, 15 Демир Капија, Струмица, Куманово 16 Штип, 17 Велес, Виница.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 23.0, Преспанско Езеро 23.0, Дојранско Езеро 25.0

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/