Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно сончево и многу топло – Временска прогноза за 26.8.2023

/

пред 1139 дена

Сподели преку :

Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во јужните делови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 22°C, а максимумот од 31до 37°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

12 Берово, Лазарополе, 14 Битола, Попова Шапка, Претор, 15 Маврови Анови, Охрид, 16 Крива Паланка, Прилеп, 17 Тетово, Струмица, Демир Капија, Крушево, 18 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Кавадарци, 19 Велес, 21 Скопје-Зајчев Рид, 22 Гевгелија, 23 Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

18 Лазарополе, 14 Тополчани, 9 Претор, 5 Крива Паланка, 3 Гевгелија, Крушево, 1 Скопје Зајчев Рид, Маврови Анови, Битола.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 24.0, Преспанско Езеро 22.5, Дојранско Езеро 26.8

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/