Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претежно сончево и топло – Временска прогноза за 4.7.2023

/

пред 1193 дена

Сподели преку :

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 19°C, а максималната од 28 до 36°C. Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

9 Лазарополе, 11 Попова Шапка, Маврови Анови, Берово, 12 Куманово, Крива Паланка, 13 Крушево, 14 Охрид, Битола, Прилеп, Претор, 15 Дебар, Виница, Тетово, 16 Скопје-Петровец, Штип, 17 Струмица, Кавадарци, Велес, 18 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 20 Гевгелија, Дојран.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

16 Пожаране, 9 Маврови Анови, 3 Гевгелија, 2 Прилеп, Ѓуриште, Тополчани, Попова Шапка, 1 Тетово, Битола, Берово.

Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]