Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Променливо облачно, од пладне со локална појава на нестабилност – Временска прогноза за 7.9.2023

/

пред 1127 дена

Сподели преку :

Ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. УВ=6

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 18°C, а максимумот од 24 до 29°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

8 Попова Шапка, 10 Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, Крушево, 15 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Претор, 16 Охрид, Прилеп, Дебар, 17 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Виница, Струмица, Куманово, Кавадарци, 18 Демир Капија, 19 Велес, Дојран, 20 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

4 Битола, 3 Охрид, 2 Гевгелија, Крушево, Пожар, 1 Претор, Прилеп, Тополчани.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 21.0, Преспанско Езеро 20.0, Дојранско Езеро 25.6

 Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/