Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претпладне сончево, попладне нестабилно – Временска прогноза за 25.5.2024

/

пред 865 дена

Сподели преку :

Претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне, а потоа и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност од попладне со услови за нестабилност, пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максималната од 21 до 28°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

3 Лазарополе, 6 Попова Шапка, 7 Претор, Берово, 8 Маврови Анови, Охрид, Битола, 9 Крива Паланка, Дебар, 10 Прилеп, Тетово, Скопје – Петровец, 11 Струмица, Демир Капија, Виница, Штип, 12 Скопје – Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, 13 Куманово, 16 Дојран, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

3 Виница, 2 Скопје-Петровец, 1 Крушево и Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)

Охридско Езеро 18.0, Преспанско Езеро 15.5, Дојранско Езеро 23.6.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/