Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претреси во МВР, се проверуваат тендерите за сервисирање на возилата

/

пред 624 дена

Сподели преку :

МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Според се уште неофицијалните информации во тек се претреси во зградата на Министерството. Според истите извори, станува збор за истрага поврзана со сомнежи за злоупотреба на тендери за сервисирање на службените возила.

Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.

Според информациите, акцијата ја спроведува Бирото за јавна безбедност. Истовремено, претреси се вршат и во повеќе добро познати автосервиси кои претходно со години ги сервисирале возилата.