Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претреси во објекти за марихуана поврзани со петте тони запленети во Србија

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Претреси се вршат денеска на неколку локации поврзани со истрагата за петте тони марихуана запленета минатата недела во Србија, за која српските власти тврдат дека влегла од Македонија, дознава Телма. Се постапува по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја води истагата.

Претреси имало и вчера, а се проверуваат објекти на фирми кои одгледувале марихуана за медицински цели. Во една од фирмите, според нашите информации се пронајдени неправилности во работењето. Марихуаната незаконски се одгледувала, складирала, чувала и транспортирала. Станува збор за поголеми количества на дрога од запленетата во нашиот северен сосед. Според досегашните информации од српските власти, марихуаната во Србија влегла од Македонија, а во јавноста беше објавено дека еден од приведените е косопственик во скопската компанија „Алфафарм“, регистрирана за одгледување канабис за медицински цели.

Пред два дена, од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираа дека е оформен предмет и дека веќе се разменуваат информации со српските обвинителски органи. Министерството за здравство, во координација со Министерството за внатрешни работи, извршило вонредна контрола во компанијата.

Maрија Митевска