Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателката Сиљановска-Давкова на НАТО самитот во Хаг

/

пред 481 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе ја предводи државната делегација на Самитот на НАТО што се одржува денеска и утре во Холандија, на покана на Генералниот секретар на Алијансата.

Заедно со неа, во делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На маргините на самитот, Сиљановска-Давкова ќе има билатерални средби со лидери на други земји-членки, на кои се очекува да се разговара и за регионалната безбедност, европската интеграција и улогата на Македонија во НАТО Алијансата.