Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателот на УМС се заблагодарува за неменување на ставките за млади и студенти во новиот предлог буџет за 2025 година

/

пред 686 дена

Сподели преку :

Денес во Ѓорче Петров УМС Ѓорче Петров по повод 17 ти Ноември – Меѓународен ден на студентите организира тркалезна маса насловена „Студентите како сила за иднина“, која ќе се одржи во кафе бар – Станица парк со почеток од 14:30 часот.

Денес УМС го одбележа  интернационалниот ден на студентите и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Македонија Сергеј Попов изјави дека „Многу ми е драго што ова е прв интернационален ден на студентите за кои нема да зборуваме само за порази, туку ќе зборуваме и за одредени победи кои ги имаме направено како држава во однос на самите студенти“.

„Имено, имаме нов буџет на Република Македонија кој е во собраниска процедура. Таму нема ставка за млади, особено за студенти којашто не е зголемена и за тоа сакам да се заблагодарам на министерката за образование и наука Весна Јаневска која навистина стана партнер на младите луѓе, а особено на студентите им даде рака“ изјави претседателот на УМС.

Денес на оваа работилница тие имаа прилика од самите студенти да слушнат идеи, предлози, и да разменат мислења се со цел во периодот што следи да креираат младински политики.