Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателот Пендаровски предлага дебата со аргументи ЗА и ПРОТИВ менување на Уставот да се емитува јавно

/

пред 1301 дена

Сподели преку :

Ја разбирам фрустрацијата, но не губете време, не треба да се драматизира, порача австрискиот претседател Александер Ван Дер Белен кој е во официјална посета на земјава во однос на уставните измени. Рече дека денеска во парламентот ќе ги замоли сите пратенички групи со длабоко размислување да постапат по ова прашање и да размислат што стои долгорочно. Претседателот Пендаровски пак кој беше домаќин на средбата рече дека овие денови треба да се формира работната група во министерството за правда за да се разговара за уставните измени и како ќе се спроведуваат. Рече дека ќе настапи со свој предлог за експерт. Ја повика опозицијата активно да се вклучи, а доколку не го стори тоа предлага дебатата со експертите и опозицијата да се емитува јавно на националната телевизија за да ги соочат аргументите.