Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера – Телма дознава дека сомнителниот ИТ администратор е суспендиран додека трае истрагата

/

пред 138 дена

Сподели преку :

Од кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова засега нема реакција за предистрагата за наводна шпионска афера во нејзиниот кабинет.

Предистрагата е отворена по кривична пријава лани во декември, кога Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) добило известување од МВР дека информатички техничар вработен во кабинетот копирал и прибирал информации од компјутерскиот систем.

Обвинителството тврди дека прво имале проблеми во предистрагата, бидејќи кабинетот не им ги  доставувал снимките од безбедносните камери, а потоа тие биле преземни од МВР. ОЈОГОКК информираше дека речиси два месеца чека одговор од МВР за вештачења на одземените компјутери, мобилни телефони и дигитални уреди.

Министерството за внатрешни работи, пак, одговори дека сè уште се вршат вештачења, а се извршени и службени разговори со вработени во кабинетот. Според сознанија на Телма, службеникот за кого се води постапката е отстранет од работното место додека трае истрагата.

Постапката е во фаза на предистрага, а случајот го води обвинителката Катерина Коларевиќ која изминатите денови беше актуелна, откако ја затвори истрагата за мазутот во која осомничени беа фирмата РКМ, нејзиниот сопственик Ратко Капушевски, сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, избеганиот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски и 10 други лица.

Обвинителството за шпионската афера во Кабинетот на Силјановска: И покрај сериозноста на предметот, МВР не ни дава податоци два месеца

Сомнителен ИТ-администратор во Кабинетот на Сиљановска Давкова – ОЈО ГОКК води предистрага за евентуална шпионажа за странска разузнавачка служба