Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Претседателството на Алијанса денеска треба да донесе одлука за преговарачки тим за влез во Владата

/

пред 1363 дена

Сподели преку :

Претседателството на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи седница во Тетово посветена на политичките случувања во земјава, на чиј дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање тим што ќе ги води преговорите за влез во Владата.

Партијата Алтернатива, која е дел од владината коалиција, изрази резерви кон вклучувањето на партијата на Таравари во Владата, оценувајќи дека нејзината улога би била „да го амортизира расколот во ДУИ”.

Од таму велат дека на Алијанса не и требаат функции за гласање на уставните измени, доколку се искрени во нивната посветеност за ЕУ. Извори од партијата потврдуваат дека по ваквиот партиски став, во средата во Владата се одржала средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерите на ДУИ и на Алтернатива, Али Ахмети и Африм Гаши.